Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 13. степени

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Денес ќе преовладува сончево време со студено утро. Утре по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука