Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пари: Во третиот квартал од годинава, во Охрид биле отворени 51. нова компанија

Скопје/Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавува динамиката на отворање нови компании во државава. Во третиот квартал од годинава биле отворени 1.843 нови фирми, што е многу помалку од истиот период лани, кога биле отворени 3.166, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк.

Охрид, заедно со Скопје, Тетово, Битола и Куманово е помеѓу 5-те градови во Република Македонија каде се вкупно отворени 960 нови фирми, или 52 насто од сите новоотворени фирми во третиот квартал од 2023 година. Годинава во Топ 5 влегле Охрид и Битола, но затоа ги нема Струга и Гостивар, кои лани беа на четвртата, односно на петтата позиција.

Новоотворените компании најчесто се од дејностите: трговија на големо и мало, стручни, научни и технички дејности, други услужни дејности, објекти за сместување и сервисни дејности со храна и градежништво.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Пари фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука