Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Гостилница „Кај Мече“ од денеска повторно започнува со работа

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По кратката пауза, од денеска, понеделник, 20-ти ноември 2023 година, познатата охридска гостилница „Кај Мече“ продолжува со нормална работа.

– Започнуваме повторно со работа, со работно време од 08:00 до 23:00 часот. Повелете на нашите гурмански специјалитети. Се гледаме, порачаа од „Кај Мече“.

Во јануари годинава, познатиот охридски ресторан, гостилницата „Кај Мече“ прослави 10. години успешна работа. Од семејна приказна и желба за работа на тројцата браќа, после само една деценија, до еден од најпосетуваните и најпопуларните угостителски објекти во Охрид.

На одлична локација, со многу љубов кон подготвувањето на храната, а особено со „благиот муабет и однос кон гостите“, гостилницата „Мече“ се издвои како една од најчестите локации за посета на охриѓани и гостите од државата и целиот свет.

Информации и резервации на телефонот: 078/350-955. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука