Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Виното Вранец – Требеништа на Охридската S&S винарија освои бронзен медал на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Виното Вранец – Требеништа на Охридската S&S винарија освои бронзен медал на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се одржа во Белград, Србија.

– Бронзен медал за нашиот Вранец – Требеништа, со освоени 86 поени. Втора година како учесници, позитивни коментари за нашите вина, преубава атмосфера, успешно завршена уште една презентација на нашите вина, порачаа од S&S винарија.

За разлика од минатата година кога на овој саем како држава се претставивме со 45 изложувачи, оваа година имавме скоро дуплиран број на изложувачи, или вкупно 74 македонски винарии и дестилерии со своите производи се презентираа на вториот по ред вински саем на Отворен Балкан.

Станува збор за можност за соодветна промоција на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, како и поттик за домашната економија што значи поголем извоз, откуп и нови пласмани за македонските производи. Македонското вино е нешто со што се гордееме и важи за најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB S&S winery

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука