ноември 20, 2023

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читателите на OhridPress од денеска можат да го кажат своето мислење за работата на охридските пратеници во Собранието на Република Македонија.

Анкетата на која можат да гласаат е дел од рубриката „046 За Охрид се зборува!“ и пошироката анализа за работата на пратениците во последниот парламентарен состав – 2020-2024 година.

За пратеничкото столче во 2020 година се изборија д-р Кирил Пецаков и Лидија Петкоска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Лазаревска и Лазе Танески од СДСМ. По изборот на Пецаков за градоначалник на Охрид, на почетокот на ноември 2021 година, на неговото место дојде д-р Грација Бакраческа.

Кој е фотороботот на новите пратеници во следниот парламентарен состав, дали и понатаму само партиската погодност и блискоста до победничката струја во партијата ќе бидат доволни за да стане некој пратеник, колку биле активни и многу повеќе…

Наскоро на OhridPress повеќе за тоа какви пратеници имаме, а уште повеќе за тоа какви пратеници треба да имаме во новиот парламентарен состав. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука