Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Се враќа евтината дневна тарифа за домаќинствата

Скопје, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонските граѓани бројат ситно до враќањето на дневната евтина тарифа на струјата, која е закажана за 1-ви декември.

Периодот што со душа се чека повеќе од една година се поклопува со зголемената потрошувачка на енергијата пред новогодишните празници, кога максимално се грееме и готвиме. Евтината дневна тарифа домаќинствата ќе можат да ја користат во период од 13:00 до 15:00 часот, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а од првиот декемвриски ден во сила ќе влезе новиот тарифен систем и тогаш ќе почне и сетирањето на броилата, информираат за „Слободен печат“ од ЕВН.

Според тоа, на почетокот на декември евтина дневна тарифа ќе добијат само оние со дигитални броила, а останатите ќе мора да почекаат уште неколку денови за да се заврши нагодувањето на самото место. Од компанијата претходно апелираа до граѓаните да бидат достапни нивните броила за да може да ја завршат работата. (Крај)

извор: Иновативност фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука