Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 3 лица во Охрид и 2 во Струга кои управувале моторни возила под дејство на алкохол

Охрид, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти и 19-ти ноември 2023 година, во периодот  од 23:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале 9 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 3 во Охрид, 2 во Струга и 4 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука