Струга, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ΙΙ-м паралелката при Државното музичко училиште во Струга, денеска под менторство на професорката Снежана К. Попова, во холот на училиштето реализираа работилница насловена „Мал барокен концерт“.
– Учениците Катерина Танеска, Емир Демирали, Димитар Трпеноски, Ангел Пејоски и Владимир Србиноски не запознаа со тематските содржини: Вовед во барокната музика, Скарлати и Калдара, Барокната свита, животот и творештвото на Јохан Себастијан Бах и барокната свита, додека учениците Петар Стојаноски, Ѓоко Чеменкоски (од класта по соло пеење на проф. Едлира Арифи), Андреј Наумоски, Хадис Селманоски (од класата по виолина на проф. Милена Крстевска), Бојан Марковски (од класата по хармоника на проф. Стефан Нестороски) и Владимир Србиноски (од класата по пијано на проф. Бруно Цома) изведоа дела од барокни композитори, информираат од Државното музичко училиште во Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива