Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Заминува во историјата објектот каде што беше сместена култната „Ла бамба“ (Фото)

Охрид 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Култната „Ла бамба“ своевремено беше омиленото место за излегување на охриѓани.

Лоцирана на улицата „Јане Сандански“, сместена во приватен објект, самото спомнување на овој кафе бар буди преубави спомени кај сите охриѓани, особено оние кои ги живееле најубавите моменти од младоста, родени некаде на крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век.

Низ годините локацијата ја менуваше намената, а до скоро тука работеше маркетот „Кошишта“.

Деновиве објектот се урива, а нам ни остануваат само спомените на едно прекрасно време поминато таму. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука