Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ на 2-ри декември ќе се прикажува во Охрид

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одложената кино проекција на новиот македонскиот филм „Лена и Владимир“ е закажана за 2-ри декември (сабота) во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“.

Проекцијата е од 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари. Оние кои веќе имааа купено билети за претходно најавената проекција ќе им бидат важечки.

Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Улогите ги толкуваат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а режисер е Игор Алексов.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука