Охрид, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Црвениот крст Охрид продолжува новиот циклус на популарниот проект кај децата Час по приказни.
Станува збор за продолжување на проектот од изминатите години на детски час по приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 до 7 години. Децата кои ќе се запишат на курсот, ќе можат бесплатно да ја користат и англиската библиотека, која е основата и функционира во рамките на ОО на Црвен крст Охрид.
Уписите траат до 20-ти овој месец. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46