ноември 23, 2023

Скопје/Охрид, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето „Билјанини извори“ во Охрид, со друштвото за промет и услуги „ЕМ груп електрометал“, друштво со ограничена одговорност увоз извоз од Скопје.

Вредноста на договорот е 29.271.339 денари или 475,957 илјади евра.

Според точките во истиот предвидено е расчистување на теренот околу просторот и во каналот, негова адаптација за градежни работи и слично. Треба да се постават дрвени колови и дрвена платформа, парапетен бетонски ѕид покрај пешачката патека и друго. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука