Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Се преземаат интензивни контроли во Охрид, Струга, Кичево и Дебар за санкционирање на лицата, организатори на борби со кучиња

Охрид, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

– Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени. Во текот на октомври 2023 година, извршен е разговор со 45-годишниот Б.А. од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња во атарот на кичевското село Букојчани. Известен е надлежен јавен обвинител и против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.

Од Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ неодамна алармираа дека во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби на кучиња, каде се организираат борби. Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука