Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Филмот „Чувари на формулата“ од Драган Бјелогрлиќ во сабота пред охриѓани

Охрид, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 25-ти ноември 2023 година, со почеток во 20:00 часот е мега популарниот филм „Чувари на формулата“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ.

– Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници…

Ова е само дел од содржината на популарниот филм во кој играат: Alexis Manenti, Радивоје Буквиќ, Lionel Abelanski, Jérémie Laheurte, Olivier Barthélémy, Anne Serra, Предраг Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ и  Jurij Drevenšek.

Билетите се продаваат по цена од 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука