ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

НП „Галичица“ во потрага по волонтери

Охрид, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – НП „Галичица“ е во потрага по волонтери.

Волонтерите помагаат да ги подобриме нашите природни пејсажи, да ги поддржиме локалните заедници и да ги оддржуваме нашите национални паркови отворени и достапни за милиони посетители секоја година, велат од паркот и додаваат дека волонтирањето е отворено за секого.

– Преку волонтирање запознавате нови луѓе, ќе може да искусите неверојатни диви животни и пејзажи, да ги развиете своите вештини и да научите нови, да ги зајакнете вашето здравје и благосостојба. Да се биде дел од волонтерски тим е одлично за самодовербата, помагајќи ви да се чувствувате дел од заедницата која постигнува позитивни резултати, истакнаа од паркот.

Заинтересираните за повеќе информации може да се обратат на е-mail: galiicia@galicica.org.mk или да контактираат со овластеното лице за еколошка едукација на мејл адресата taseska_angela@yahoo.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука