ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Охрид SOS: Се узурпира и бетонира брегот на езерото кај Радожда

Охрид/Струга, 23. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Граѓанската иницијатива Охрид SOS преку допис до медиумите посочуваат на пример на узурпирање и бетонирање на брегот на Охридското Езеро кај струшкото село Радожда.

– Дека институциите се рамнодушни и незаинтересирани покажува примерот со узурпирањето и бетонирањето на брегот на Охридското Езеро кај Радожда, кога и покрај реакциите на населението, формалните претставки од нивна и наша страна, веќе над еден месец ниедна надлежна институција не излегла на терен за да направи проверка, да ги санкционира активностите кои се случуваат таму. Молк.
Во меѓувреме, од Општина Струга добивме одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде е наведено дека нема издадено одобрение за партерно уредување на просторот. Но, на местото тешка механизација не само што го уништила и видоизменила брегот, туку поставила бетонски парапет во езерото, рабници, бетон, без никаква дозвола. Пред меѓународните претставници градоначалникот Мерко кажува дека соработуваат со УНЕСКО и сродните организации и тела, додека во реaлноста, секој ден се уништува природното наследство од поединци и групи. Во прилог на ова се и фотографиите, стои во дописот на Охрид SOS. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид SOS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука