Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава: Не денешен ден почина познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски

Охрид, 27. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид се сеќава и му оддава должна почит на познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски, кој почина на денешен ден минатата година.

Спасески Охридски почина по кратко боледување, во 60-тата година од животот, во ноември 2020 година. Беше доктор специјалист по ортопедија, уметник чии дела повеќе од 30 години ги воодушевуваа љубителите на уметноста во земјава и странство, поет, кој истовремено се занимаваше со дизајн, компјутерска уметничка графика, уредување на ентериери, почитуван од охриѓани, ценет во секоја област.

Роден е во 1960 година и по професија беше доктор-специјалист, хирург ортопед.

Како уметник реализираше повеќе мултимедијални проекти: „Апокалиптичен нарцис“ (1989 година), „Сѐ трепери“ (1996 година), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 година), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001 година), „Охридски ангели“ (2003 година), „Погледни во себе“ (2004 година), „Трите точки“ (2008 година), „Охридски бисери на мудроста“ (2010 година), „Битолска трилогија“ (2011 година), „Човек е трепет … и ангелот трепет е… а ти Боже мој…“ (2017 година). Скоро сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги – поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.

Спасески Охридски важеше за голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука