Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

За само 24 часа, два случаи на семејно насилство во Охрид

Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – За само 24 часа, Полицискиот билтен носи информации за два случаи на семејно насилство случени во Охрид.

На 24-ти ноември 2023 година, во 22:10 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 42-годишен охриѓанец, кој, претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23-ти ноември 2023 година, во 17:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука