Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Сообраќајка на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај селото Лева Река, повредена жена од селото Велмеј

Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти ноември 2023 година, во 07:40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај ресенското село Лева Река, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патничко возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишно лице од охридското село Велмеј, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во специјална Болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука