Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Wizz Air од 1-ви април следната година ќе лета на релација Скопје-Салцбург

Скопје, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нискобуџетната авио компанија Wizz Air од 1-ви април следната година ќе лета на релација Скопје-Салцбург.

Летови ќе има преку целата година, три пати неделно, во понеделник, среда и петок. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на Wizz Air, а цената во еден правец почнува од 1.239 денари. Компанијата претходно сообраќаше меѓу Скопје и Салцбург, во 2020 година за време на ковид пандемијата, но беа прекинати откако Австрија забрани влез од голем број земји на Балканот.

Скопје-Салцбург е меѓу четирите нови линии за кои Wizz Air претходно склучи договор за субвенции од Владата.

Од крајот на септември стартуваше линијата до Љубљана, од 18-ти декември започнуваат летовите до кон Луксембург, а кон Штутгарт треба дополнително да се закажат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука