Избор Локална самоуправа

Општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство потпишаа меморандум за соработка

Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид денеска потпишаа меморандум за соработка.

Соработката подразбира реализација на активности од страните потписнички во насока на развој на високото образование и наука.

– Страните потписнички, поаѓајќи од своите интерни правила и интереси можат да склучат посебни договори во врска со меѓусебната соработка. Активностите и соработката ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички без финансиски импликации, така што за сите активности за кои ќе бидат потребни финансиски средства ќе бидат уредени со посебни договори, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука