Избор Локална самоуправа

Четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, во придружба на Секретарот, Александар Китески денеска во големата сала на општинската зграда ги прими четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“.

– На средбата младите се запознаа со работата на локалната власт и јавните претпријатија. Градоначалникот и Секретарот одговараа и на прашањата на учениците. Посетата во општината е дел од наставната програма во основните училишта, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука