Охрид, 26. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На само неколку чекори од историското јадро на Охрид, монолитниот габарит на хотел „Палас“ го означува почетокот на модерниот град, стои во анализата на порталот marh.mk, специјализиран за Македонската АРХитектура.Локација: кеј „Македонија“, ОхридАвтор: Едо МихевцЕнтериер: Олга Русанова во соработка со Едо МихевцГодина на изведба: 1958
– Иако неговата изградба на времето била донекаде контроверзна, тој речиси 50 години важел за еден од најелитните комплекси на езерското крајбрежје. Без разлика што денес е надвор од употреба, оваа модернистичка архитектура сѐ уште е силно врежана во урбаната меморија на овој град. Хотелот е изграден во средината 20-от век, кога југословенската држава го препознава туризмот како катализатор за модернизација на државата. Охрид претставува важен туристички центар на му недостасува инфраструктура и архитектура кои би ги промовирале вредностите и идеологиите на новите времиња, стои во анализата.
Во овој период се планира „новиот Охрид“, кој го остава историското јадро на страна и се шири на југо-исток покрај брегот на езерото. Една од главните негови инфраструктури е нова пешачка патека долж крајбрежјето, чија прва точка би бил модернистички хотел како симбол на новата ера.
Комплетната статија на авторката Ноеми Чаусидис ОВДЕ. (Крај)
извор: marh.mk фото: Архрид