ноември 25, 2023

Охрид, 25. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.

– Денес ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука