Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските „Рибари“ ќе донираат за членот на „Чкембари Битола“ кој во пожар го загуби својот дом

Охрид, 25. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските навивачи од групата „Рибари“ ќе собираат средства за помош на членот на навивачката група „Чкембари Битола“, кој неодамна при пожар го загуби сопствениот дом.

– На денешниот собир на НГ „Рибари“ пред дерби натпреварот со РК „Тиквеш“ и на самиот влез пред нашата трибина, ќе биде поставена кутија за донации. Сите собрани средства ќе бидат уплатени на трансакциската сметка за членот на НГ „Чкембари“ на кого му е потребна нашата помош. #БидиРибарБидиХуман, порачаа охридските „Рибари“.

Битолските навивачи информираат дека се потребни донации за санирање на штетите во домот на Андреј пред да паднат температурите под нулата. Сите кои се во можност можат да донираат и на трансакциска сметка 200003791663062 на име Андреј Петровски.

Дерби натпреварот помеѓу ГРК „Охрид“ и РК „Тиквеш“ ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука