Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 20 l/m2 воден талог, измерена е снежна покривка со висина од 12 сантиметри

Охрид, 26. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, во Охрид наврнаа 20 l/m2 воден талог, измерена е снежна покривна со висина од 12 сантиметри.

– Најмногу воден талог е измерен во Дебар, 41 l/m2, 40 во Маврови Анови, 27 во Битола, 23 во Демир Капија, информираат од УХМР.

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 3. степени.

– Утре наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе преовладува сончево и кон крајот на денот ќе започне да се проширува облачност. Од вторник до среда преку денот ќе преовладува облачно со повремени врнежи кои на планините особено на запад ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд. Во четврток ќе преовладува суво и студено време, а нов бран на врнежи се очекува за време на викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука