Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Oд денес започнуваат Божикните пости во чест на празникот Христово рождество, кои ќе траат до 6-ти јануари.
Земете благослов, исчистете ја душата кај вашиот духовен отец и имајте лесни и Богоугодни пости.
Според Типикот, Рождественките пости се постат на следниот начин:
– понеделник, вторник и четврток на масло;
– среда и петок строг пост;
– сабота, недела и празници е допуштено риба.
За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.
Имајте радосни и богоугодни пости. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 546