Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Хотел „Палас“, модерен споменик на југословенскиот туризам во Охрид, дело на словенскиот архитект Едо Михевц

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за хотелот „Палас“, модерен споменик на југословенскиот туризам во Охрид, дело на словенскиот архитект Едо Михевц, деновиве е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

– Иако неговата изградба на времето била донекаде контроверзна, тој речиси 50 години важел за еден од најелитните комплекси на езерското крајбрежје. Без разлика што денес е надвор од употреба, оваа модернистичка архитектура сѐ уште е силно врежана во урбаната меморија на овој град. Хотелот е изграден во средината 20-от век, кога југословенската држава го препознава туризмот како катализатор за модернизација на државата. Охрид претставува важен туристички центар на му недостасува инфраструктура и архитектура кои би ги промовирале вредностите и идеологиите на новите времиња, стои во анализата авторката Ноеми Чаусидис за порталот порталот marh.mk, специјализиран за Македонската АРХитектура.

Во овој период се планира „новиот Охрид“, кој го остава историското јадро на страна и се шири на југо-исток покрај брегот на езерото. Една од главните негови инфраструктури е нова пешачка патека долж крајбрежјето, чија прва точка би бил модернистички хотел како симбол на новата ера.


Читателите на OhridPress жалат затоа што еден ваков, како што велат, преубав хотел не е во функција. Дел се потсетуваат на едно убаво време кога хотелот работеше, но и поставуваат и дилеми како е можно огромни фабрички комплекси во Македонија се руинирани и се оставени на милост и немилост на времето, а некои претходно се продадени за хартии без вредност – односно џабе. Велат дека слично е и со хотелските комплекси. Какви се овие наши Закони кои дозволуваат огромни комплекси да не работаат и да го грдат изгледот на градот? Каква корист има државата од вакви комплекси, а каква е процедурата за вакви објекти во врска со данокот на имот? – прашуваат дел од нив. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука