Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични пријави за три лица од Охрид кои физички нападнаа две лица на паркинг пред угостителски објект

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми ноември 2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Охрид на возраст од 45, 24 и 23 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– Тие, на 12-ти ноември 2023 година, на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички нападнале две лица на возраст од 28 и 34 години од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука