Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Скопјанка со „амин“ од вработен во Министерството за транспорт и врски изградила повеќе катови од дозволеното во станбена зграда во Охрид

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, како и против 38-годишна скопјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Во текот на минатата година, првото лице, во својство на службено лице- вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. Второто лице, како сопственик и инвеститор на градбата, без потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука