Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Патувања низ Македонија објавена е ретка фотографија од Охрид за која е наведено дека датира од далечната 1948 година.
– Градска плажа Воска во 1948 година, стои во описот на фотографијата.
Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу поедноставно и убаво време. Она што е интересно е фактот што стариот дел од градот, односно ридот е комплетно без дрвја и доминира Самуиловата тврдина. Може да се насети и модата во тоа време, а интересни се и чадорите за плажа, кои, освен секако по материјалите кои се користат, како да не се сменале многу. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Патувања низ Македонија
Прочитано: 112