Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Златен медал за квалитет на услуга за бродот „Армада“ на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бродот „Армада“ и екипата која стои зад целиот проект освои златен медал за квалитет на услуга на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад.

Наградата во име на целиот тим на „Армада“ ја прими Елена Лотеска Наумовска.

– После откажување од многу задоволства, долга и макотрпна работа, секогаш ќе има некој кој што ќе го цени тоа што го правите и само работата може да донесе резултати. Горди на цела екипа посебно на главната и одговорна за „Армада“ да е тоа што е денес, порача Ѓоко Наумовски по добивањето на признанието.

Меѓународниот саем за туризам, кој од 30-ти ноември до 2-ри декември се одржува на Новосадскиот саем, на едно место собра повеќе од 240 излагачи од земјава и странство. Пријавени се учесници од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Унгарија, Република Македонија, Бугарија, Камерун и Италија. Меѓу изложувачите се хотели, агенции, бањи, туристички организации, велнес и спа објекти, тур-оператори, институции, скијачки центри, медиуми, како и организации посветени на IT во туризмот, медицинскиот туризам, кариерата, образованието, осигурувањето…

Лускузниот брод „Армада“ е украс на езерото од декември 2019 година. Опремен е со мотори од најновата генерација по сите еко стандарди, со безбедност на највисоко ниво, климатизирана долна палуба, smart boat со сите функции… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука