Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски хотел „Мизо“ освои награда за високо ниво на комплексот и луксузна понуда на апартманите на јубилејното 100. издание на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад.
Ова е само уште една потврда за успешната работа на овој комплекс наназад низ годините и секако ќе биде поттик за нивна понатамошна успешна работа.
Меѓународниот саем за туризам, кој од 30-ти ноември до 2-ри декември се одржува на Новосадскиот саем, на едно место собра повеќе од 240 излагачи од земјава и странство. Пријавени се учесници од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Унгарија, Република Македонија, Бугарија, Камерун и Италија. Меѓу изложувачите се хотели, агенции, бањи, туристички организации, велнес и спа објекти, тур-оператори, институции, скијачки центри, медиуми, како и организации посветени на IT во туризмот, медицинскиот туризам, кариерата, образованието, осигурувањето… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива