Забава Избор

YouTube ќе воведе систем за означување на содржините создадени со помош на вештачка интелигенција

Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – YouTube потврди дека ќе биде воведен задолжителен систем за означување на содржините создадени со помош на вештачка интелигенција.

Гигантот за видео стриминг го објави ова на својот блог, без да дефинира кога ќе стапи на сила промената на нивната политика.

Според соопштението, од корисниците ќе биде побарано да откријат дали вештачката интелигенција била вклучена во нивните проекти „во текот на наредните месеци“. Работата од овој вид која се смета за „реална“ ќе треба да се означи, иако не е јасно како тоа ќе се дефинира.

Системот ќе се применува на видеа со која било должина, вклучително и кратките видеа на YouTube. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука