ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Истиот ден, истиот кадар, трета година по ред (Фото)

Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Преубавиот Охрид е инспирација за фотографите во секое време на годината и важи за најфотографираниот град во нашата Република Македонија.

Репортерите на Facebook страницата Ohrid4U која редовно го промовира и објавува убави фотографии од градот, објави фотографија, направена на денешен ден во 2021 година, кога Охрид бил под снежна покривка.

Минатата, 2022 година истата локација изгледаше вака.

Нашите репортери, утрово направија фотографија на истата локација.

Дополнително во нашата архива пронајдовме фотографија, направена исто така на денешен ден, во 2018 година, снимена кај плажата „Орце Николов“, на која се гледа дека тогаш сме имале прекрасен, сончев ден.

Во секое годишно време, на секое место, Охрид е единствена и неповторлива убавина. Да го зачуваме таков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ohrid4U/ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука