Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓани синоќа собраа над 65 илјади денари за помош на Петар од Охрид

Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани синоќа уште еднаш ја покажаа и докажаа својата препознатлива хуманост.

Во голем број, сплотени во хуманоста ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ за да помогнат во лекувањето на 22-годишниот наш сограѓанин Петар. Прекрасни изведби имаа нашите стенд ап комичари, а за богатиот, беспрекорен музички настап се погрижија Камелеон, ВИС „Билјана“ и „Urban Planet“ feat Ana, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека на вчерашниот хуманитарен настан се собрале вкупно 65.547 денари кои ќе бидат наменети за потребната хируршка интервенција на младиот Петар, во Турција.

Сите кои се во можност можат да донираат за помош на Петар на следните начини:

Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска

HALKBANK IBAN: MK07270700082176215

SWIFT: EXPCMK22

Телефонски броеви за донации:

А1 143 460

Телеком 143 128. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука