Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во три објекти на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, причинета поголема материјална штета

Охрид, 1. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид, од 00:40 минути по полноќ до 04:00 часот утрово, со седум пожарникари и три противпожарни возила интервенирале на запалени три објекти на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.

– Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува, информираат од Центарот за управување со кризи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука