ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Лавров: Толку убаво се чувствувам во Охрид, како да сум поблиску до Бога

Скопје/Охрид, 1. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Толку убаво се чувствувам во Охрид, како да сум поблиску до Бога, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Одговарајќи на прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски како се чувствува тука во Македонија имајќи во предвид дека Русија ја стави нашата држава на листата на непријателски држави, Лавров напомена дека многу му е убаво овде во Македонија.

– Тука сум бил одамна во Охрид, фантастичен град. И амбасадорот ми кажа дека требало да се затворат некои цркви затоа што немале посители. Јас толку убаво се чувствувам во Охрид, се чувствувам дека сум поблиску до Бога, истакна Лавров.

Лавров престојува во Македонија, каде вчера во Скопје се обрати на Министерскиот состанок на ОБСЕ, при што рече дека сегашната ситуација е директна последица на обидите на западните земји да ја обезбедат својата доминација преку „бесрамното користење на ОБСЕ за агресивно туркање на тесни себични интереси и намерно уништување на основниот принцип на консензус и самата култура на дипломатијата“. (Крај)

извор: Инфомакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука