Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Нема повредени лица во пожарот кој избувна ноќеска во помошен објект и куќа на улицата „Гоце Делчев“

Охрид, 1. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. декември 2023 година, во 00:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошен објект и куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.

– Во пожарот делумно била зафатена и куќа, сопственост на лице од Охрид, а била оштетена и фасадата од друга куќа, во сопственост, исто така на лице од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука