Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Одложена премиерата на „Инсомнија“, првата професионална претстава на струшкиот Центар за култура

Струга, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одложена е премиерата на монодрамата „Инсомнија“ од Димитрие Дурацовски, првата професионална претстава во продукција на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга.

– Се солидаризираме со колегите од останатите институции кои во екот на немилите настани ги откажуваат театарските изведби и известуваме дека премиерата на претставата „Инсомнија“ се одложува за следната недела. За точниот термин на одржување ќе бидете благовремено известени. Купените билети ќе важат за следниот термин. Ви благодариме на разбирањето, порачаа од екипата на претставата.

Во монодраматата игра Александра Пешевска, а e во режија на Мирослав Петковиќ, асистент на режија Мишо Димитриевски- Шипе, сценограф и костимограф Билјана Гулеска и инспициент Бојан Секулоски. Музиката е на Томислав Темелкоски, а драматургијата на Јаков Попоски, Ѓорги Крстески, Ненад Јолдески.

– „Инсомнија“ од Димитрие Дурацовски е книга која доколку Ви падне во рацете нема да останете сиромашни со знаење и пред се’ со инспирација. Претставата „Инсомнија“, инспирирана од романот е мој, личен, порив да се соочам со своето животното искуство до сега. Мое највозбудливо соочување пред се’ затоа што се искажува преку мислата на Димитрие Дурацовски, вели режисерот Мирослав Петковиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука