Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридски боксери викендов учествуваат на Купот Open Balkan во Зрењанин, Србија

Охрид/Зрењанин, 2. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски” викендов учествуваат на Купот Open Balkan во Зрењанин, Србија.

Претходно нашите натпреварувачи постигнаа одлични резултати на Државното првенство во бокс што се одржа во Штип. Осум боксери се натпреваруваа во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.

Со златни медали, односно со титула државен првак се стекнаа Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Жарко Јакимоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука