Избор Локална самоуправа

Советот за развој на Југозападниот плански регион ја одржа 10. седница

Охрид, 1. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Советот за развој на Југозападниот плански регион (ЈЗПР) денеска во просториите на општина Охрид ја одржа 10. Седница со која заседаваше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков во улога на претседател.

На работната средба се усвои Записникот од претходната Седница на Советот, а се разгледуваа и Предлог-Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година. Стана збор и за информацијата во врска со реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2022-2023., информација во врска со поптишаните договори за реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2023-2024. На Седницата се одржа и презентација на предлог концептите за регионални проекти по Програмата за РРР на МЛС и БРР за 2024-2025 година.

На 10-та Седница на Советот на Југозападниот плански регион сите точки од дневниот ред се усвоија едногласно од присутните членови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука