Охрид, 2. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Солидарноста и свесноста за социјално ранливите е најпотребна во овие моменти. Со цел да им се помогне на ранливите категории на граѓани, продолжуваме со активностите и им излегуваме во пресрет на овие наши сограѓани со бесплатно пострижување.
Со оваа порака, познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун го најави продолжувањето на хуманитарната акција за помош на оние на кои им е најпотрбна.
Охридскиот бербер Неат Алим- Шогун уште со почетокот на декември 2019 година започна со акција за помош на своите охриѓани. Секоја недела од 10:00 до 13:00 часот, во соработка со Црвен крст Охрид, во неговата берберница, лоцирана во Старата охридска чаршија, тој нуди бесплатно потстрижување за ранливите категории граѓани.
Преку Facebook статуси редовно ги повикува ранливите категории на граѓани на кои потшишувањето им е финансиски товар, да се шишаат кај него комплетно бесплатно.
Од каде потекна идејата за хуман гест, колку младите се заинтересирани за занает, но и за искуствата со странските гости и туристи повеќе од интервјуто на Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива