Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Григориј Декаполит

Охрид, 3. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Григориј Декаполит.

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора.

Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење.

Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука