Охрид, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8-ми Декември, Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири-комисијата донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.
Жири-комисијата составена од претседателот проф. Перчо Божиновски и членовите, проф. Светлана Велкоска и проф. Светлана Огненова, одлучи Први награди да им бидат доделени на следните тврорби:
Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)
поетска творба: „Охрид градот на нашите просветители“, шифра: Frozen
Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)
поетска творба: „Клименте“, шифра: Светлина
Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)
поетска творба: „Светоста на името твое“, шифра: 2608
Од Општина Охирд ги повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 6-ти декември 2023 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива