Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистрален пат во Струга, повредени две лица

Струга, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти декември 2023 година, во 16:20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во Струга се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген венто“ со охридски регистарски ознаки управувано од страна на 58-годишно лице од струшкото село Заграчани, и патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33-годишен жител на струшко Радолишта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Фолксваген венто“, додека со телесни повреди се здобил возачот на другото возило, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука