Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Состојбата станува се’ полоша: Уште колку ќе издржи охридското „Островче“? (Фото/Видео)

Охрид, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на охридското „Островче“, со секое посилно невреме и бранови во езерото, станува се’ полоша.

Тажна е сликата деновиве за состојбата во која се наоѓа некогашата вистинска препознатливост на Охрид, а претставува и потенцијална опасност за граѓаните.

Репортерите на Супер радио и OhridPress деновиве направија видео и фотографии на кои јасно се гледа состојбата во која е во моментов оваа локација.

Островчето е запишано во аналите и колективната историја на градот Охрид. Токму затоа, како редакција, уште во 2020 година, изработивме комплетен проект и предлог за негова санација. Супер радио и OhridPress распишаа Конкурс на кој се пријавија бројни млади архитекти со нивни предлози за тоа како треба да изгледа ова место.

Истите ги отстапивме бесплатно на охридската локална самоуправа, а снимивме и документарен филм „Да го вратиме сјајот на охридското Островче“, во кој за тоа какво било, какво е, но и какво сакаме да биде во иднина разговаравме со историчарот доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе, Кире Чорбе, дипл. градежен инженер во пензија, проф. д-р Павле Митрески, екологистот Ѓоко Зороски, Горан Устијаноски, капетан на Капетанијата на македонските пристаништа, но и бројни граѓани, кои се сеќаваат на „Островчето“ од нивната младост.


Во емисијата која има и своја англиска верзија, се користени стари фотографии кои ја раскажуваат приказната за едно убаво време, длабоко врежано во спомените на охриѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука