Календар на МПЦ-ОА: Св. великомаченица Екатерина
декември 7, 2023

Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денешниот ден го чествуваат во знак на почит кон Св. Света Екатерина.

Таа потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина.

Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година.

Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име.

Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

Тропар

Со добродетели како со сончеви зраци ги просвети неверните мудреци, и како пресветла месечина која оди во ноќта, ја изгони темнината на неверието. Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи, богоповикана невесто, блажена Екатерино, со љубов стигна во небесните дворови, кај прекрасниот Женик Христос, и од Него си венчана со царски венец: и сега со ангелите пред Него стоејќи, моли се за нас кои го почитуваме твојот чесен спомен, воскликнувајќи: Алилуја. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука