Струга, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот болтен носи информации за два случаи на бесправно градење на објекти во соседна Струга и околината.
Во првиот случај, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 56-годишен жител на селото Радолишта, како и против две лица од Струга, на возраст од 57 и 34 години, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Пријавените, во текот на 2023 година, во својство на инвеститори во Струга започнале со градење на деловен објект без одобрение.
Во друг случај, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 77-годишно лице од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на 13-ти септември 2023 година, на катарстарска парцела во истото село, започнал со изградба на објект без одобрение и спротивно на основниот проект што било констатирано по извршен инспекциски надзор. (Крај)
извор: МВР фото: архива