Охрид, 8. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На пригодна свеченост која се одржа денеска на Градскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски Патрон на Охрид.
Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Охрид градот на нашите просветители“ од Фросина Апостоловска, ученичка во четвртто одделение при ООУ „Григор Прличев“.
Во II категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Клименте“ од Сара Котеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.
Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Светоста на твоето име“ од Симона Димитриеска, ученичка во прва година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.
На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива